Прилепското село Чепигово се наоѓа во прилепско поле и е оддалечено 22,5 килиометри југозападно од Прилеп.
Над селото се наоѓа црквата Св. Никола, каде денеска на празникот Св. Марена (Огнена Марија), група верници започнаа со активности да промена на старата манастирска камбанарија и санација на црквата.
Камбанаријата доби ново црковно ѕвоно, а стартото ќе биде подарено на друг манастир или црква каде што е потребно.
Црквата „Свети Никола“ во село Чепигово е мала и еднокорабна градба, со полукружна апсида на источната страна. Подигната е во XIX век. На западната страна подоцна има доградено трем.