Октетот Прилеп во среда 19 септември 2018 г. од 19.30 часот, во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ ќе го одржи годишниот концерт, на кој ќе се претстави со избор на убава музика. Ќе бидат исполнети дел композиции од сопствениот репертоар, ( Розо моја, Пусти мерак Ратке, Дај ми љубов Трено, Секоја вечер пијам се враќам .. и др.) кои ќе ги пленат посетителите како и многупати досега.
Освен тоа ќе бидат испеани и други познати староградски песни.
Гостин на концертот ќе биде Сефедин Бајрамовски.
Октетот Прилеп 24 години ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Неодамна на фестивалот Илинденски денови се закити со награда за најдобра интепретација на староградска музика.
Досега има издадено неколку албуми. Работи под покровителство на ЦК„Марко Цепенков“.