Во Србија искршено „Ферари“ од 170.000 евра, исто како она на Роналдо (ФОТО+ВИДЕО)

Нема ништо полошо од тоа да го искршиш својот авомобил, а уште полошо е ако уништиш „Ферари“ од 170.000 евра.

И всушност тоа и се случило денес во Белград, дознава српски Телеграф.

Веројатно за да се покаже пред друштвото, возачот на „Ферари“ кој имал околу 20 години, пред 10 дена во Кошутњак го удрил и уништил својот преубав луксузен автомобил.„Ферари“ 599 ГТБ модел од 2008 година.

Се работи за идентичен автомобил како тој на Кристијано Роналдо.

Возачот поминал без повреди, но со сигурност ќе има главоболка.

Ферарито е веќе објавено за продажба на германските сајтови по пат на лицитација, но неговата цена застанала на 55.000 евра, три пати помалку од вредноста пред сударот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.