По повод денешниот голем христијански празник Св.Пантелејмон, заштитник на болните и патрон на лекарите, во ново осветената црква Св.Пантелејмон, во кругот на болницата се одржа божествена литургија во чест на патронот, со која чиноначалствуваше прилепското архиерејско намесништво. Храмот беше посетен од стотици верници кои присуствуваа на божествената литургијата. Денеска по повод споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон, именден празнуваат: Пантелеј, Панде, Пано, Панка, Панто, Панчо.
Црквата Св.Пантелејмон беше осветена во неделата, во присуство на Митрополитот преспанско пелагониски г.Петар, и денес преставува отворен духовен храм кој ќе биде за молитва на жителите од населбата „Рид“, но и на болните и лекарите.