Во склоп на “Крали Марко болдеринг маратонот”, најмладите искусија одење на јаже

IMG_0684

”Застанете на тенката растегната линија и ставете ги вашите способности, лични граници и самодоверба и погледнете каде ќе ве поведе вашиот ум и тело“, беше говорено на вчерашната работилница, која е дел од спортски настан од светски калибар „Krali Marko Boulder Maraton 2016“.

IMG_0689

IMG_0682

Словенските слеклајн мајстори од Љубљана сношти во стара чаршија кај градскиот часовник пред љубителите на  дисциплина насловена како „Highline Meeting“ ги презентираа своите искуства на работилницата насловена како слеклајн.

IMG_0696

IMG_0694

Оваа работилница беше наменета за сите кои сакаа, во добро друштво од искусни „slackline“ мајстори да доживеат една нова спортска дисциплина, целосна вежба на телото и умот. Сесиите беа идеални за оние кои сакаа да го зголемат својот баланс и мускулни рефлекси, притоа јакнеејќи ја целокупната мускулатура со цел да стекнете подобра свест, контрола и телесна координација како и правилно држење на телото.

IMG_0729

IMG_0705

IMG_0709

IMG_0713

IMG_0714

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.