Во СДСМ Прилеп се кинеле тужби за неплатена вода и ѓубре и се вработувале “маткачи” – шофери на лифт?

Независниот кандидат за градоначалник за општина Прилеп, адвокатот Жарко Стеваноски од граѓанската иницијатива “Че вреди”, одржа прес конференција за медиуми каде ги обвини раководните луѓе во ОО СДСМ Прилеп за вршење притисок и упатување закани до неговите активисти и кандидати за советници.

Стеваноски објави и снимени разговори на кои може да се слушне како еден од неговите активисти, а поранешен претседател на месен комитет на СДСМ, разговара со функционер на Општинската организација на владеачката партија, кој пак му ветува социјална помош, легализација на куќа, работа и поништување на тужби, само да се откаже од поддршката за граѓанската иницијатива “Че вреди”.

На снимките се слуша како некој од функционерите во ОО СДСМ Прилеп на нивниот разочаран член му ветува работа во Тутунскиот Комбинат, каде би го управувал лифтот, односно како што вели тој, ќе стегал по едно дугме.

Ако нуделе работно место управувач на лифт, што ли друго им се нудело на останатите разочарани членови и активисти?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.