На три кола до крајот на натпреварувањето во Втората фудбалска лига, победашите се на врвот со четири бода предност пред второпласираната Македонија Ѓорче Петров. Заслуга за тоа има импресивната серија од 6 победи со ред, и новото раководство на клубот. После долга пауза Победа се враќа дома во Прилеп.
Во сабота, 30.04.2016 година, со почеток од 16:00 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ќе го пречека Љубанци, кој е шанса да се запечати пласманот во Првата фудбалска лига.
Интересот за средбата е огромен и се очекува полн стадион и голема поддршка. Да бидеме сите дел од овој натпревар и да ја “испратиме” нашата миленичка ранг погоре, таму каде што припаѓа.
А.Г.