Во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински” премиера на претставата „Ништо без Трифолио“

Plakat_resize

Во понеделник 27 март 2017година во 20.00 часот во театарот,, Војдан Чернодрински,, во Прилеп премиерно ќе биде изведена претставата ,, „Ништо без Трифолио“

Автор: Русомир Богдановски

Режија: Коле Ангеловски

Сценографија: Илина Ангеловска

Соработник за сценографија: Пеце Ристески

Костими: Раде Василев

Музика: Томе Темелкоски

Кореографија: Кире Миладиноски

Играат:

КАНТАРИОН, член на Собранието – Андон ЈОВАНОСКИ

ЛАВАНДУЛА, жена на Кантарион – Даниела ИВАНОСКА

ПЕТУНИЈА, постарата ќерка на Кантарион – Наташа НАУМОСКА

МЕЛИСА, помладата ќерка на Кантарион – Ангела НАУМОСКА

ТРИФОЛИО, пријател на дело – Илија ВОЛЧЕСКИ

МИЛЕС ГЛОРИОСУС РОЗМАРИНУС, заповедник на пешадиски одред – Александар ТОДЕСКИ

ХИБИСКУС, сосед –Марјан ЧАКМАКОСКИ

ПИНУС, помладиот син на Хибискус – Димитар ЦРЦОРОСКИ

АДОНИС, постариот син на Хибискус – Димитар ЃОРЃИЕВСКИ

КАМЕЛИЈА, вонбрачна ќерка на Кантарион – Марија СПИРКОСКА ИЛИЈЕСКА

АМОР – Михајло МИЛЕНКОСКИ

1478

„Ништо без Трифолио“ во режија на Коле Ангеловски е весела комедија која со својата динамика и кохерентна структура носи силен пулс на современоста. Авторот Русомир Богдановски го нарекува ова свое дело „комедија во грчко-римски стилнапишана по средбата со веселиот дух на римскиот комедиограф ПУБЛИЈ ТЕРЕНЦИЈ АФРИКАНЕЦ, кој ослободен од телото на својот господар во 159 година пред нашата ера, лута низ вековите“. Сите сплетки и недоразбирања произлегуваат од една основна тема – потрагата по љубов, и сè што се случува на сцената е поврзано со љубовта. Богот Амор е двигател на дејството, а Трифолио, интелигентен и снаодлив, управува со ситуациите и ги држи сите конци во своите раце. Трифолио ја наоѓа мотивацијата во својот непоправлив хедонизам, а оттаму произлегува и комичноста. Сложеното и вешто водење на двојните заплети, забуните, богатството на карактерите, нивните слабости и проблеми, специфичниот и богат јазик – сите овие елементи создаваат претстава во која ќе ги препознаеме современите семејни и љубовни проблеми на младите, но и на постарите.

Ова е 26 претстава што Коле Ангеловски ја режира во прилепскиот театар, со кој со оваа претстава,, Ништо без Трифолио,, одбележува 35 години соработка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.