Во Прилеп ќе се одржи боксерски спектакл: На 22-ри јуни сите на градски базен и да го поддржиме Ице Трајкоски (ВИДЕО)

На 22.06.2019 година, со почеток од 19:30 часот, на Градскиот базен “Маркови Кули” – Прилеп, ќе се одржи професионална боксерска ревија за скор на професионалните боксери во светската професионална боксерска ранг листа.

Од нашата држава во лесно тешка категорија ќе настапи боксерот Ице Трајкоски со скор 1-1-0, против боксерот Енсар Осман од Бугарија.

После долга пауза со нашиот тим ќе организираме боксерски спектакл со одлична сценографија, девојки за рунди, ди-џеј, професионален водител во ринг, мерење и соочување на боксерите на градскиот плоштад во Прилеп во летната бавча на кафе барот “Оникс”, вели Дарко Чатлески – организатор на настанот и тренер на Ице Трајкоски.

Боксери ќе има од Македонија, Србија, Албанија и Бугарија. Ќе има одлични борби и сите боксери ќе се борат за подобрување на рангот во светската ранг листа, а публиката ќе може да ужива во оваа најплеменита вештина.
Сакаме да ја информираме јавноста дека нашиот тим одлучи доколку имаме временски неприлики ревијата да се одржи во спортската сала на комплексот “Маркови Кули”
– додава Чатлески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.