Во Прилеп се одржува државно првенство во одбојка за средни училишта

Од денеска па се до сабота во Прилеп ќе се одржува државното првенство во одбојка за средните училишта во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески Ричко“. На него учествуваат 6 екипи од регионите Исток, од каде доаѓаат екипите на Струмица и Велес, потоа Скопскиот регион, од каде доаѓаат екипите на „Методија Митески Брицо“ и „Здравко Цветкоски“, а Западниот регион го претставуваат екипите од Крушево и домаќините од гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп.

_MG_3823

„Прилеп отсекогаш бил лулка на училишниот спорт, особено во последниве неколку години, а тоа се должи пред сена големата поддршка која ја добиваме од локалната самоуправа, Агенцијата за млади и спорт како и од Федерацијата на училишни спортови на Македонија. Тука се одржуваат безброј првенства без разлика дали тие се од општински, регионален или државен карактер. Прилеп е голем расадник на таленти, без разлика дали станува збор за индивидуални или поединечни спортови. Се надеваме дека еден ден овие деца кои ги гледаме тука на ваквите натпревари достојно ќе не претставуваат и во повисоките лиги како и на репрезентативно нивно во Европа и светот“, истакна Здравко Ристеси, претседател на сојузот на училишни спортови од Прилеп.

_MG_3758

Државното првенство за отворено го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески. Организаторитеја повикаа прилепската публика да ги проследи 11-те натпревари кои ќе се одржуваат во наредните три дена. Во сабота со почеток во 10 часот ќе биде натпреварот за третото место, а во 11 часот ќе започне финалето.

_MG_3779

„Безрезервна е поддршката на локалната самоуправа на Прилеп на училишниот спорт. Благодарение на Федерацијата на училишни спортови и Сојузот на училишни спортови од нашиот град денеска сме домаќини на ова државно првенство. Тука ќе продефилираат доста квалитетни млади спортисти. Целта на овие манифестации е младите и да се дружат помеѓу себе и секако да победат најдобрите. Некој од овие таленти со сигурност ќе го носи и националниот дрес. Прилеп отсекогаш бил добар домаќин,така ќе биде и овие денови. Во текот на годината кај нас се организираат голем број на спортски натпревари во различни дисциплини, со што Прилеп се издигнува на пиедесталот на еден од најспортските градови во Македонија. Целта е преку овие училишни спортови младите да ги остават модерните пороци и да имаме психофизички здрава младина која ќе биде иднината на Прилеп и Македонија“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.

_MG_3770

Прилеп денеска иста така беше домаќин и на регионалното првенство во голем фудбал за основните училишта кое се одржа на теренот со вештачка трева кај Типските куќи. Победник беше екипата „Браќа Миладиновци“ од Струга. На тоа регионалното првенство учествуваа 4 екипи и тоа од : Струга, Кавадарци, Неготино и Прилеп. Победниците продолжуваат на држаните првенства за основни училишта кои ќе се одржуваат во некој од градовите од источниот регион.

_MG_3818




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.