Во Прилеп се одржа трка со стари велосипеди – ФОТО

6

Вчера вљубениците на велосипедизмот во Прилеп зедоа активно учество во промоцијата на стари велосипеди, добро зачувани и во функција. Промотивната трка на стари велосипеди, започна во центарот на градот, со 20–тина стари велосипеди. Најстариот „точак“, беше од 30-тите години од минатиот век, детска велосипед на три тркала, а најстариот точак за возрасни беше од почетокот на 50-тите година.

1

2

3

„Ја подржавме оваа акција за промотивно движење на стари велосипеди во градот, со цел да се зголеми свеста за користење на велосипедот како превозно средство. Скоро секоја втора куќа во Прилеп има стар велосипед или точак.

5

7

8

Доколку тие се репарираат и се реставрираат, можат да бидат функционални, бидејќи Прилеп има традиција за возење велосипед, а ние како општина правиме напори да се зголемат велосипедските патеки, за побезбедно возење точак“ – рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој зеде активно учество во ревијалната трката со стари велосипеди.
На изложбата на стари велосипеди во организација на здружението на велосипедисти од Прилеп, беа доделани и симболични награди: за најстар велосипед и најдобро реставриран велосипед.

9

10

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.