Во Прилеп се одржа Третиот меморијален меѓународен пингпонгарски турнир “Илија Карески-Каре” (ФОТО)

Во организација на пингпонгарскиот клуб “Младост 96”, викендов во Прилеп се одржа Третиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг “Илија Карески-Каре”.

Спортската сала во ООУ “Добре Јованоски” беше домаќин на 132 пингпонгари од: Македонија, Албанија, Косово, Србија, Грција, Бугарија и Црна Гора, а натпреварите поминаа во одлична организација и супер натпреварувачки дух.

Најдобрите во сите категории се закитија со медали, пехари, како и парични награди.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.