Во Прилеп се одржа спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија“

IMG_6021

Вечерва, Паркот на “Могилата на непобедените” беше претесен да ги собере сите љубители на добрата забава, убавото дружење и позитивната енергија на спортско-музички хепенинг насловен како “Прилеп со љубов за Македонија”, во организација на повеќе здруженија на граѓани од градот Прилеп.

Организаторите се одлучија преку спортските игри, дружење, акробации и музика да направат вистински хепенинг. Настанот беше збогатен со натпревари во: баскет, мал фудбал и одбојка. За музичкиот дел се погрижија локални ди – џеи, а случувањата беа збогатени и со точки на магионичари, актери, додека за најмладите имаше и Дизни ликови.

Прилепчани, уште еднаш покажаа како се сака Прилеп, како се сака нашата земја.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.