Денеска во Прилеп се одржа Вториот ГРАН-ПРИ турнир “Прилеп 2024” .
Со 7 поени победник е Дејан Ѓорѓиески од ШК “Пелагон” , додека второто место го поделија Горан Готовуша и Тони Кироски со половина поен помалку.
За поздравување е 4 место на ветеранот Стефан Присаѓанец, кој освои 5 поени.
На турнирот зедоа учество 17 играчи од 4 општини: Прилеп, Битола, Крушево и Долнени.
Сите нестрпливо го очекуваат Вториот Меѓународен турнир „МАТ 2024“, кој се игра на 18 февруари 2024 година, во СОУ “Орде Чопела” во Прилеп.
Веќе се пријавени преку 200 играчи од 4 соседни држави.