Во Прилеп се одбележаа 120 години од раѓањето на Методија Шаторов Шарло

Денеска се одбележаа 120 години од раѓањето на Методија Шаторов Шарло. Делегација од општина Прилеп, голем број на политички партии, претставници од Здружението “Прилепски Бранители”, Сојузот на борци, денеска пред споменикот на Шарло кој се наоѓа во центарот на градот положија свежо цвеќе.

15942458_10210120833328809_1621711729_n
Методија Шаторов Шарло по 75 години историски се вратил дома, меѓу прилепчани, потврдувајќи се како македонски деец и потсетувајќи на своето мото дека во единството е успехот на се, како порака за идните генерации. Бил една од најконтроверзните личности во македонската историографија, личност која најмногу талкала на буништето на историјата за да ја докаже својата невиност.

15978681_10210120833488813_960798547_n

6642-vo-prilep-se-odbelezaa-120-godini-od-ragzanjeto-na-metodija-shatorov-sharlo-960x600-6

И по 75 години, Методија Шаторов Шарло се враќа со дигнато чело онаму каде припаѓа: во плејадата македонски великани кои својот живот го посветиле на обединета и самостојна македонска држава.

15969870_10210120833208806_443157650_n
Денес во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде промовирана и книгата „Методоја Шаторов – Шарло помеѓу чеканот и наковалната“ од авторката проф. Д-р Соња Николова.

 

15978162_10210120832768795_1804030764_n

15970529_10210120832448787_1067237599_n




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.