Денеска во Прилеп беа поделени нови 60 решенија за легализација на диво изградени објекти. Со тоа вкупната бројка на легализирани диво изградени објекти се искачи на околу 9.000.
„Прилеп останува лидер во Македонија по легализирани објекти. И понатаму општина Прилеп ќе продолжи со ова темпо. Со ова граѓаните добиваат многу, затоа што голем дел од нив после децении добиваат имотен лист за своите објекти кои стануваат нивна сопственост“, посочи градоначалникот Марјан Ристески во својата изјава.
Уште еднаш мало потсетување, крајниот рок за поднесување на елаборати во продолжениот рок од 2015/2016 година е крајот на 2017-та година, а крајниот рок за сите комплетирани барања за доработување е 2021 година.