Во Прилеп одбележан празникот Св. Климент Охридски

Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата Св. Климент Охридски во дворот на ООУ „Климент Охридски“ денеска градоначалникот на Општина Прилеп Борче Јовчески и Советот на Општина Прилеп, директорот Ахил Јаков и вработените, ученици и подржувачи на ликот и делото на Св. Климент се поклонија пред бистата.

Вработените и учениците преку реферати го одбележаа својот патрон празник, а воедно не потсетија на делата на првоучителот и најверниот следбеник на браќата Кирил и Методиј. Градоначалникот Јовчески испрати честитка по повод денешниот празник во која стои дека Општина Прилеп на сите православни христијани им го честита празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.