Додека ние по котлините се труеме во маглишта, еве веќе две недели, во Охрид првите денови од Новата година поминаа како да е пролет.
Врие од туристи од сите краишта на државата, но и од соседството. Распродадени се сите речиси сите сместувачки капацитети, па тешко се доаѓа до кревет повеќе.
Охрид е прекрасен во сите годишни времиња. Тука е убав секој миг… Недостига уште снегот за дополнително да ја разубави оваа раскошна бајка.