Во ликовниот салон на Центарот „Марко Цепенков“ вечер ќе биде отворена изложба со дела од 23-тата Кичевска ликовна колонија, што се одржа во јули минатата година во Куќата на уметноста во кичевско Кнежино.
На изложбата ќе бидат претставени дел од изработените 65 нови дела на колонијата во различна техники – акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника, како и четири склуптури од метал и една од дрво. На колонијата учествуваа 23 уметници од Македонија, Израел, С.Кипар, Индија, Ирак, Албанија, Бугарија, Србија, Германија, Казахстан, Хрватска, Косово и Турција.
– Имавме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на своите ликовни обрасци. Секој од овие творци, преку изборот на својот личен ликовен говор се обидуваа да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време, да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ние помалку позната. Тоа беше комуникација или нова визуелна размена на мислења, соопштуваат од Кичевската ликовна колонија.