Денеска во 11 часот во градската библиотека “Борка Талески” во Прилеп, беше извршена распределба на 76 социјални станови од страна на министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.
Објектот е 3.220 квадратни метри и тој е наменет за самохрани мајки, социјални семејства, многудетни семејства и за лица со посебни потреби. Средствата за изградба на становите беа обезбедени од Европската банка за поддршка и развој, Владата и од Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.
Ова е дел од владината програма за изградба на станови за социјално ранливите категории зашто интенција на Владата е секое семејство да има можност да дојде до покрив над главата.
Инвестицијата за овој објект е 1,7 милиони евра, а вкупно до сега се изградени 678 станови за социјално ранливи категории граѓани во 13 општини.