Во Прилеп започна „Крали Марко болдер фестивал“

Во организација на Македонската спортско качувачка фeдерација, СКК „Златоврв“ – Прилеп и Општината Прилеп, денeска во околината на градот се одржа, седмиот по ред,„Крали Марко болдер фестивaл“, кој претставува еден од најзначајните меѓународни спортски настани што се организираат во Македонија и Прилеп.

BeFunky Collage

На него, годинава зедоа учество над 100 натпреварувачи од Македонија како и од повеќе европски држави: Словенија, Австрија, Албанија, Бугарија,Чешка…

_MG_9235

_MG_9231

Ева е од Варна , Бугарија , и на болдеринг фестивалот  е дојдена со својот син, кој е љубител на болдерингот. Таа вели дека болдерингот го засакала покрај него и дека овој спорт е одличен за здравјето и за развој на психофизичката кондиција. „Пред неколку години слушнавме за карпите во Прилеп и дојдовме тука да се запознаеме со овој крај и заедно да уживаме во искачувањето „- вели таа

_MG_9228

Гедарт од Австрија, Виена, е долгодоишен болдерист, кои за прв пат е во Прилеп. „Тука има прекрасна природа, човек се чувстува релаксирано и сконцентрирано. Има интересни качувачки карпи, високи од  4 – 5 метри, кои го креваат адреналинот. Вистинско место за овој спорт “-  вели тој

_MG_9220

Дарко од Македонија се занимава со овој спорт веќе 15 години. Неговата специјалост е искачување карпи високи од 5 до 8 метри.„Болдерингот е посебна гранка во спортското искачување, каде не ти е потребно јаже, само патики за качување по карпи, а другото ни го дала оваа убава природа ,на „Камена баба во Прилеп“- вели тој

_MG_9199

_MG_9189

_MG_9181

Поради погодната конфигурација  на уникатните карпи од вулканско потекло, кои се наоѓаат околу Прилеп, на локалитети „Камена Баба“, „Маркови кули“ и „Трескавец“, Прилеп веќе неколку години е мега  дестинација за болдерингот, односно за сите качувачи на карпи, од целиот свет.

_MG_9161

_MG_9146

Годинава натпреварот во болеринг, наместо на “Трескавец“ се одржа на терените на локалитетот „Камена Баба“, во близина на вештачкото прилепско езеро, а за прв пат, покрај возрасните групи на качувачи, се вклучија и помладите спортисти, кои успешно и дисциплинирано ги учеа вештините за качување од повозрасните и искусните.

_MG_9143

_MG_9141

Организаторите СКК „Златоврв“ – Прилеп и Општина Прилеп, велат дека ова е одлична можност за промовирање на градот и Македонија.

„Сите болдеристи кои го посетуваат ова место, остануваат импресионирани од конфигурацијата на теренот и природата и  понатаму ги промовираат овие терени, како одлична дестинација за болдеринг, и повторно се враќаат во Прилеп, во Македонија, со своите пријатели. Тоа е и целта на ваквите организации и одржувањето на ,„Крали Марко болдер фестивалот“, вели Ристо Белокапоски од СКК „Златоврв“ – Прилеп

_MG_9121

_MG_9120

_MG_9119

„Со овој меѓународен куп ,„Крали Марко болдер фестивал“, Прилеп ја отвора сезоната на екстремни спортови: за  планински велосипедизам, мото крос спортови, highline, ултра планинскиот маратон… со што и оваа година очекуваме да имаме илјадници посетители за сите овие спортови. Тоа ќе придонесе не само за промоција на Прилеп и Македонија, туку со тоа ќе се придонесе и за развојот на алтернативниот туризам и развојот на локалната економија.„- вели градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој го отвори болдеринг натпреварувањето.

_MG_9056

_MG_9080

За прв пат оваа година, на „Крали Марко болдер фестивалот“ организаторот обезбеди и парични средства за учесниците, како награда за првопласираните тројца натпреварувачи во машка и женска конкуренција, а беа доделени и благодарници и медали за најдобрите.

_MG_9037

Инаку, болдерингот е еден од екстремните спортови кој е доста популарен во светот, а Прилеп, со квалитетните терени, одличната организција и поддршката од локалната самоуправа, прерасна во  светска мега дестинација за одвивање на овој спорт и одржување на меѓународни и светски натпревари.

_MG_9029

Болдеринг приказната за Прилеп, во неколку наврати се најде и на светските медиуми наменети за алпинизам, планинарство и туризам, со кои искачувањето на помали карпи, без никаква опрема ,го сместија  Прилеп, во една од 10-те топ дестинации за болдеринг во Европа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.