Нема проблеми и гласањето се одвива непречено и по три часа од отворањето на избирачките места во Прилеп, Крушево, Долнени и во Кривогаштани, информираат од општинските изборни комисии.
– Во Прилеп гласањето на референдумот 2018 е непречено и без проблеми на сите 142 избирачки места. До 9 часот, според официјалниот податок од Државната изборна комисија каде ги упатуваме сите информации за бројот на избирачите кои го оствариле своето право на глас, до 9 часот на гласање излегле 3,41 насто од вкупно запишаните 64 309 граѓани, изјави Каролина Шукуроска, претседател на општинската изборна комисија.
Според изборните комисии, во Крушево до 9 часот гласале 246 избирачи или 3 насто од запишаните вкупно 7933 избирачи, во Долнени правото на глас до 9 часот го оствариле 177 лица или 1,53 насто од запишаните 11 580 жители со право на глас, а во Кривогаштани гласале 70 од запишаните 4737 избирачи што е 1,48 проценти.