Во Прилеп денеска гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници во Домот за стари лица и 119 осуденици во прилепскиот затвор

Непречено почна гласањето на болните и изнемоштените во Прилепскиот регион.

Од општинската изборна комисија во Прилеп потврдуваат дека нема никакви проблеми во текот на гласањето.

-Нема проблеми и непречено и навремено почна гласањето на болните и изнемоштените, на штитениците во домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ и на осудениците во прилепскиот затвор, вели Валентин Божиноски, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Во Прилеп, денеска своето право на глас го остваруваат 298 болни и изнемоштени лица, 60 штитеници во домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ и 119 осуденици во прилепскиот затвор.

Денеска гласаат и 222 болни и изнемоштени лица во општина Крушево, 61 во Кривогаштани и 105 болни и изнемоштени во општина Долнени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.