Во пресрет на Државното првенство, Џудо клуб СЕИШИН активно се подготвува за нови успеси

grupna

 Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2016 во џудо спортот, Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп активно работи на програмата за соодветни припреми на своите членови.

Имено дел од членовите на СЕИШИН- Прилеп кои треба да земат учество на Државното Првенство за СЕНИОРИ-КИ зедоа учество на заедничкиот тренинг со членовите на Џудо Клубот „Гемиџии“-Велес.

На овој заеднички подготвителен тренинг се разменија искуства од техничко-тактички аспект а исто така се реализираа и контролни борби помеѓу членовите на двата клуба. Домаќини беа Џудо Клуб „Гемиџии“- Велес, а активностите се одвиваа на 13.02.2016 сабота, во Будо Центарот во Велес, каде клубот „Гемиџии“ ги обавува тренажните активности во одлични услови, со посебна сала за џудо тренинг, сауни, фитнес центар и теретана.

 Договорено е следниот пат домаќини да бидат од клубот „СЕИШИН“ – Прилеп.

Државното Првенство за СЕНИОРИ-КИ е закажано за 28.02.2016 во Кавадарци во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и Џудо Клубот „Кожувчанка“-Кавадарци.

borbi 2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.