Во понеделник нов спектакл во прилепскиот театар: Претставата “Глембаеви, уште една легенда” ќе ја играат прилепски и хрватски актери

Во театарот „Војдан Чернодрински„ денеска се одржа прес конференција на која беше најавена премиерната изведба на претставата „Глембаеви, уште една Легенда„ варијација на драмата на Мирослав Крлежа, во режија на Бранко Брезовец

Премиерата е закажана за 7.10.2019/понеделник/.

На прес конференција зборуваа В.д.Директорот на НУЦК „Марко Цепенков“ – Марија Спиркоска Илијеска, режисерот Бранко Брезовец и актерите Зоран Иваноски, Даниела Иваноска, Златко Буриќ – Кичо и Домагој Јанковиќ.

Беше посочено дека оваа претстава ќе се игра и на 8.10 и на 9.10.2019 /вторник и среда/ во Прилеп, а во ноември во Загреб.

Глембаеви, уште една Легенда

Проектот Глембаеви, уште една Легенданастанува како финален резултатна долгогодишното интересирање на хрватскиот режисер Бранко Брезовец за драмата Господа Глембаеви на Мирослав Крлежа, којашто тој досега три пати ја има поставено на сцена и тоа во Ријека, Загреб и Прилеп.

На прв поглед, особено во својот централен дел, но и во финалето, на драмата може да ѝ се припише впечаток на блискост, камерна концентрација, психолошка нијанса, па според вообичаената академска класификација, таа е ремек-дело на квалитативната фаза на Крлежа, која ја заборава методолошката и етиолошката бушавост на младешката квантитативна фаза, а која својот сублимат го сондира во седумте драми и драмолети собрани под името Легенди.

Брезовец, впуштајќи се во својата режисерска работа, се сомнева во авторитарноста на таквите поделби. За него, драмите на Крлежа, навистина се одликуваат со поигрување со моралните модалитети (да се живеат спротивностите, рилкеовски да се живеат прашањата), но и херменевтичката беспрекорност на матното во нас. За осмозата на тие два пола низ целата драматика на Крлежа има доволно актантски инклузивности.

Така, Глембаеви се драмски континуитет на вртешки: дејствието навидум напредува, а всушност се враќа или стои в место (Леоне сака да ја продлабочи свеста за својата позиција, а всушност сфаќа дека отсекогаш ја знае). Тука структурата на Глембаеви се потпира, да кажеме, на драмата-легенда Кристофор Колумбо.

Драмата се отвора и во правец на онаа недефинирана дефинираност на Cтанкo Ласиќ: клучните мотивациски лостови се покажуваат во текот на драмата како несигурни, недефинирани (прељубата на мајката на Леоне, причината за смртта на Алис). Во тоа лежи врската на Глембаеви co Микеланѓело Буонароти и Салома.

Па така, во трагата на негацијата на биополарноста на Крлежиниот драмски опус, настанува и претставата Глембаеви, уште една Легенда. Таа има карактер на сценски есеј, но фикциски е осигурана и со навестувањата на драмскиот наратив: светот на глембаевските предци, кои во својот морален исход не можат да умрат, па опстојуваат во таквата своја безвременска есенција, е паралелен и рамноправен со светот на живите.

Продуцент на претставата е Театар„Војдан Чернодрински“ од Прилеп,во соработка со продуцентската куќа Еуроказ од Загреб. Ансамблот го сочинуваат професионални, постојано вработени прилепски актери (8 актери) и актери од Загреб, соработници на Еуроказ (5 актери, претежно слободни уметници).

Преплетувањето на живите ликови и нивните сеништа во радикално паралелен мизансцен и паралелен декор ќе појдат кон освестување на оние генијални пукнатини, кои според Уберсфелд, се одлика на секоја голема драма, а чија нелогичност писателот суверено ја прикрива со абдукција на ритамот и гледната точка. Со таа испреплетеност би трeбало да блесне можноста на матните односи на ликовите кои драмата на Крлежа не ги дофаќа, но милостиво ги нуди на увид.

Така, оваа претстава-есеј, да речеме, ќе ја допре можноста на односите Глембај – Ангелика (Aнгелика како фигура на Спасението и за стариот Глембај), Леоне – Зилбербрант (нивното љубовничко наговестување, па со тоа и ослабеноста на еротскиот контакт меѓу Бароницата и Зилбербрант), односот на Оливер со Бароницата и Глембај (потполно неелабориран во драмата).

Глембаеви, уште една Легенда ја поместува драмата на Крлежа од хоризонтот на мотивациска ибзеновштинаи ја приближува кон стринберговската приватна симболика на Патот за Дамаск. Тоа е драматуршка операција со многу малку трошок и агресија, само благодарејќи на супериорната љубезност на таа голема драма. За Брезовец, Глембаеви не е драма на критика и актуелизација на митското лице на тајкунизацијата. Глембаевие драма за Спасот, за цената на неговата темпоралност (Спас: кога?) и за цената на утехата на неговата бесконечна спацијалност (Спас: каде и кому?)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.