Во прилепското село Чумово во тек е изградба на манастир кој ќе го носи името на Св. Василиј Острошки. Управата прави надчовечки напори и успева да ја турка оваа убава идеја, а се со цел на прилепчани да им подари уште едно свето место во убава природа.
По повод денот кога се слави Св. Василиј Острошки, понеделник (12.05.2025), управата ги известува сите правослвни верници дека, со почеток од 09:30часот, ќе се одржи света служба во Манастирот, а потоа следува ручек и забава со пригодна музика.
Посетете го ова место, уживајте во убавата природа и дајте свој придонес оваа убава идеја за скоро време да се реализира.
За тие кои не знаат, селото Чумово е прво село на патот Прилеп-Витолиште. Од градот е оддалечено само 6км. од левата страна на патот. Според легендата, селото го добило своето име бидејќи го основале луѓе кои преживеале една тешка чума.
Се зборува дека Чумово најнапред се нарекувало Мало молци. Лежело 500 метри југозападно од денешното место, на местата сега наречени Лозишта и Корија. Во тоа село „ватила чума и народот се изгубил“.Чумата „отепала 90 невести“. После тоа од друга населба дошле нови родови кои го оснивале Чумово на денешното место.