Во петок незаборавна забава со ДНК на Широк сокак

Момците од ДНК во петок за прв пат во кариерата ќе свират (вистинска, клупска свирка) пред битолчани, и тоа заедно со својот бенд. Станува збор за промоција на новиот материјал “Уште еден ден”, која ќе се случи на отворено. Под ведро небо. На Широк сокак.

1

За прв пат во кариерата сме во Битола со нашиот бенд на соло клупски концерт и промоција на нашиот нов албум. Уште поинтересно, а воедно и ни претставува огромна чест, е што ќе свириме буквално на Широк сокак и ќе бидеме улични свирачи, вели едната половина од двоецот Панчо.

Настанот всушност е во организација пет битолски кафулиња, кои со здружени сили прават уникатна забава, односно заеднички настап на кој ќе се забавуваат сите нивни гости. Во прашање се кафулињата Портал, Ин, Симбол, Пиано бар и Игучи.

Пред се, очекуваме добра забава со оглед на тоа дека истата никогаш не недостасувала кога сме имале дружба со битолската публика, која е една од ретките со префинет вкус и осет за кога станува збор за добра музика, додава Панчо.

Промо-турнејата по Битола продолжува во Куманово во клубот Версус и тоа на 7 семптември, а веќе кон крајот на следниот месец момците ќе се дружат со штипската публика. Односно на 24 септември за кога во Домот на млади во Штип е закажан нивниот голем солистички концерт .




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.