На вчерашната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.
Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.