Во овие лаги со години веруваме- време е за вистината!

Приказната дека рибите имаат меморија од само 30 секунди не е вистина. Рибите можат да паметат некои работи и со месеци.
Гром може два пати да погоди во исто место. Можеби најдобар пример за тоа е Емпајер Стејт билдинг, која годишно ја погодуваат громови и до 100 пати.

Лилјаците не се слепи. Иако користат ехолокација за навигација и лов, тие сепак можат да гледаат.
Сигурно како мали ви рекле дека ако голтнете мастика, ќе ви требаат седум години за да ја сварите, или дека поради истата ќе ви се „залепат цревата“. Вистината е дека мастиките всушност не ги вариме, туку поминуваат низ нашиот организам.
Не постои човек кој има „фотографско паметење“.
Пукањето на прстите, никогаш нема да предизвика артритис. Од него се заболува поради други фактори-години, дебелина или генетика.
Зрачењето од микробранова печка не може да предизвика рак.
Кучињата и мачките не го гледаат светот околу себе црно-бел. Вистина е дека го гледаат во нијанси на сина и зелена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.