Во населеното место Радобил се празнува Св. Атанасиј Велики

Во чест на Св. Атанасиј Велики, Атанасовден денеска во раните утрински часови беше оддржана Света литургија во црквата во населеното место Радобил. Градоначалникот Марјан Ристески кој секоја година традиционално присуствува на овој настан и оваа година ги испочитува жителите и беше дел од нив. Посака многу здравје и среќа:

1

„Традиционално како и секоја година во чест на празникот Атанасовден присутни сме во н.м Радобил да им ја честитаме славата и да им посакаме многу здравје и среќа. Општина Прилеп во изминатиот период инвестираше во инфраструктурата на населените места така што овде го направивме патот со што овозможивме подобра комуникација на ова н.м со градот Прилеп и околните градови“.

2

Жителите денешната селска слава ја прославуваат со многу гости.

„Славата ја славиме многу одамна, уште од прадедовците ни е оставена, чекаме многу гости, најблиските и посакуваме многу здравје и среќа“, посочија жителите на Радобил во своите изјави.

3

Атанасовден, претставува празник посветен на големиот христијански светител Св. Атанасиј Велики. Македонците го празнуват два пати во годината. На 31 јануари, со домашни служби, се празнува Атанасовден-зимен, како заеднички спомен на двајцата александриски архиепископи Св. Атанасиј Велики и Св. Кирил Александриски, за нивните заеднички заслуги во одбраната на православието од двете ереси.

4

5

6

7




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.