Во анкета на „Цивил Медија“ дали треба да има предвремени избори, една жена која беше меѓу анкетираните вели дека би требало да ги има, за да се разреши оваа ситуација во државата бидејќи вака веќе не оди, според неа.
-Макар да и честите предвремени избори носат многу пари, луѓето се и онака осиромашени. Меѓутоа, кога не можат да најдат заеднички јазик, пак нека излезат па да видиме народот што ќе каже, кога веќе не ги признаваат резултатите, вели таа.
Таа вели дека не излегла на референдумот и кажа дека според неа за владејачката гарнитура тие што не излегле не важат, дека не се меродавни.
-Ги делат луѓето уште повеќе. Многу лоша ситуација, верувајте многу лошо. Јас и сопругот сме пензионери, многу подобро ни беше кога беше ВМРО на власт, искрено не затоа што сум партиски определена, меѓутоа јас си знам кога ми беше подобро. Знам какво покачување земам сега бедно, а знам што ВМРО ми даваше и какви други бенефиции, изјави таа.
Таа кажа дека куќата си ја легализирала во времето на минатата власт и потенцираше дека такво нешто не се заборава.
-Направија многу нешта и не заслужија вака да се однесуваат со поранешниот премиер. Од оваа гарнитура верувајте јас се плашам, што побрзо си одат мислам ќе ни биде подобро. Искрено го говорам тоа, не се плашам од никого, јас сум пензионерка, си живеам од свои средства. Не им се плашам, не можат ништо да ми направат, макар они се навикнати се со уцени, се со плашење, вели таа.