Во машина ставете од овој ефтин зачин кој сите го имаат дома и алиштата ќе ви бидат како нови

Иако можеби веќе имате сопствен трик за отстранување на дамките од алиштата или некое средство со кое никогаш не грешите, ние денеска ви презентираме уште полесен начин како до бели алишта.

Ако темните парчиња облека го губат својот сјај со редовно перење, белата облека со текот на времето пожолтува или добива некоја сива нијанса

За да ги исчистите полесно овие дамки од алиштата, во машината за перење ставете една лажица крупен црн бибер и алиштата перете ги на пониска температура. Биберот никако не смеете да го ставате во делот за прашок, туку директно во машината.

Тој делува на начин што ги отстранува остатоците од детергент кои се главна причина зошто облеката ја менува бојата со текот на времето

Подеднакво ефектна е и солта со која облеката ќе ви сјае повеќе од било кога, особено белите парчиња врз кои таа делува пријатно и спречува детергентот да остане по површината.

Сосема на крајот, кога говориме за природни работи, имате совет плус – ставете една шолја оцет како идеално средство за отстранување на дамки и природен омекнувач. И не грижете се, кога ќе се исуши облеката и миризбата ќе исчезне.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.