Женската ракометна репрезентација на Македонија направи голем исчекор кон пласман на Европскиот шампионат 2024-та година.
Во вториот натпревар од квалификациите нашите ракометарки ја победија Литванија и се радуваа на вториот триумф.
Во рамките од групата „5“ Македонија на гостувањето во Вилнус ја совлада Литванија со 31-28. До 10-тата минута домаќинките беа оние кои постојано имаа гол предност. Со погодокот на Седлоска, Македонија за прв пат поведе со 8-7.
А прилепчанката, која е ќерка на легендата на македонскиот фудбал, Гоце Седлоски, до крајот на средбата мрежата на противникот ја тресеше уште 7 пати, односно 20-годишната ракометарка беше прва виолина на Македонија.
За потсетување на првиот дуел од квалификациите против Азербејџан, Седлоска потигна 7 погодоци од 8 обиди, а во неделата имаше 8 од 8, или на двата дуели 15 погодоци од 16 обиди. ИМПРЕСИВНО!
БРАВО АНДРЕА!