Во Кино Мис Стон ќе се прикажува најновиот македонски филм “Златната петорка”

На 21, 22, 24 и 25 октомври со почеток од 20.00 часот во Кино Мис Стон при ЦК,,Марко Цепенков,, од Прилеп ќе се прикажува најновиот македонски филм ,,Златната петорка,, во режија на Горан Тренчовски. Цената на влезниците е 100 денари.

 

poster3afinal4xl-mk

Филмот, работен по сценарио на Билјана Гарванлиева, Елеонора Венинова и Тренчовски, по мотиви на Братислав Ташковски, говори за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои монструозно исчезнаа во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните “златни” млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со сомнителни квалитети.

Сеќавањата за идеалот и правичноста на “невината петорка” побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување.

Главните улоги ги толкуваат Славко Штимац, Петар Арсовски, Јана Стојановска, Александар Ристоски, Игор Ангелов, музиката е на Дарко Спасовски и Горан Керкез.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.