Во Кина тестиран автобусот од иднината: Неговиот изглед ќе ве запрепасти – ФОТО

Во Кина е тестиран автобусот “Тransit Elevated Bus” (TEB), чија конструкција овозможува под него да поминува друго превозно возило.

160803089.3_mn

Тестирањето на возилото од иднината се одржало во градот Qinhuangdao во провинцијата Хебеи.

Должината на автобусот е 22 метри, ширината 7,8 метри, а висината 4,8, додека истиот може да прими 1.200 патници. Автобусот е конструиран така да може да се движи на две поткрепи на краевите, за кои на патот се поставени специјални шини.

160803089.2_mn

160803089.1_mn

Ширината на автобусот ќе овозможи под него да поминуваат две линии друмски сообраќај, со што нема да се создава гужва на патиштата.

ТЕB го имаше првото пробно возење на стаза долга 300 метри. Во него немало патници, а слабата брзина ги разочарала присутните гледачи во градот на северот од Кина.

160803089.6_mn

160803089.4_mn

160803089.5_mn

Во завршната фаза, ТЕB би требало повеќе да личи на трамвај, отколку на автобус, затоа што се планирани три или четири такви возила во една композиција.

А.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.