Глобалната пандемија ги сопре патувањата, но и “трката“ по куќи во Италија по поволни цени. Но, трендот на продажба на „куќи за едно евро“ се враќа. Се чини понудите се подобри од било кога, пишува Си-Ен-Ен.
Чинквефронди, заедница во италијанска Калабрија, село кое се нарекува „corona free“ територија се надеваат дека тој статус ќе го задржат и со понудата на привлечни домови, што ги пласираат на пазарот за едно евро.
Во Чинквефронди, градоначалникот Микеле Коние ја смета оваа задача толку сериозна што и дал кодното име: „Операција убавина“.
„Пронаоѓањето на нови сопственици на бројните напуштени куќи што ги имаме е дел од операцијата што ја покренав за да го вратиме животот во напуштените делови од градот“ вели Коноа за СиЕнЕн.
Сите кои што ќе одлучат да купат куќа по таа цена, ќе мора да ја реновираат истата во наредните три години. Освен тоа, купувачите ќе мора да платат специјален данок од 250 евра.
Доколку во наведениот рок куќата не биде реновирана, сопственикот на истата ќе биде казнет со 20.000 евра.