Лудо поклопување: Само неколку часа по премиерата на епизодата во која Скофилд прави план за бегство од озлогласениот затвор во Јемен, во реалниот живот тоа и се случи.
Повеќе од 20 затвореници избегале од затворот во градот Адену кој се наоѓа на јужниот дел од Јемен. Бегството се случило откако вооружени напаѓачи ги блокирале патиштата и се судриле со полицијата барајќи да бидат пуштени затворениците кои во затворот биле без пресуда, пренесува washingtonpost.com.
Оваа вест за бегството на затворениците се прошири низ светските медиуми поради новата сезона на популарната американска серија “Бегство од затвор”, чие дејство се одвива токму во јеменски затвор. Токму во најновата епизода емитувана во Европа синоќа, прикажан беше планот за бегство од затворот.
Ф.Г.