Во ек на пандемија има пари за ова, а не и за “Еурокомпозит” на пример (Видео)

На покривот на Домот на градежници во центарот на Скопје вчера се одржа првиот маалски концерт во рамките на проектот на Град Скопје, „Култура во време на корона“.

Серијата вакви концерти, кои е предвидено да се одржуваат на различни локации низ градот, ја отвори Лепи Џони. Едночасовниот соло настап граѓаните го следеа од нивните балкони, а како што велат од Град Скопје, целта е финансиски да им се помогне на уметниците, а истовремено да се организира забава за граѓаните додека трае полицискиот час.

Како навистина звучеше овој концерт за кој Шилегов за еден час плати 14.500 денари, слушнете самите:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.