Во еден ден казнети дури 687 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (29.05.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 687 возачи.

Од нив, 124 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово-114, а потоа на територија на СВР Куманово -101, на територија на СВР Штип-98, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.