На 28.03.2019 година во 05.55 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во село Житоше, прилепско, во дворот од куќата сопственост на Ј.И.(75), во плевна и магацински простор настанал пожар во кој целосно изгорела дрвената конструкција на двете простории, а опожарени биле и земјоделски машини.
Исто така, била опожарена и кровната конструкција на гаражата сопственост на И.М., која се наоѓала до плевната. Повредени лица нема.
Во 13.30 часот од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп пожарот бил бил изгаснат и бил извршен увид.