Трендот на претрупување на институциите со партиски кадри продолжува и на локално ниво. Агенцијата за администрација има објавено дури 56 огласи за вработување на јавни и државни службеници во општините ширум државата, пишува Курир.
Станува збор за вработување во општина Шуто Оризари, Чешиново – Облешево, Теарце, Струга, Старо Нагоричане, Свети Николе, Сарај, Велес, Карпош, Аеродром, Кавадарци, Ресен, Липково, Охрид, Зрновци, Желино, Дојран, Пробиштип.
Во услови кога Република Македонија се соочува со здравствена и економска криза, како и кога се зголемува бројот на отпуштени работници, локалните власти и централната власт забрзано ги полнат институциите преку масовни вработувања, што е сосема спротивно од она кое што го ветуваа во предизборниот период, но и во периодот кога беа опозиција па на големо ја критикуваа тогашната влада на ВРМО-ДПМНЕ.
Целата статија можете да ја прочитате на КУРИР.
Извор: kurir.mk