Во богатиот вокабулар на премиерот не постои Македонија: Заев бил горд на “нашата apмиja”

– Како дел од најголемата НАТО-вежба оваа година на тлото на Европа, благодарение на еден отворен пристап со кој се реализира Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија денеска Македонија е полноправна членка на НАТО. За реализација на оваа стратешка цел за нашата држава беа потребни храбри одлуки и одважност.

Денес со задоволство може да констатираме дека токму на армискиот полигон Криволак како еден од најдобрите полигони во овој дел од светот се организира вежба во која учествуваа нашите армии заедно со армиите на нашите сојузници и пријатели од САД, Грција и Бугарија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во обраќањето на Денот на високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ на полигонот Криволак на кој се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

-Горд сум на нашата Армија, на нашите офицери и војници на нивната желба за усовршување и унапредување. Тие ги исполнуваат сите обврски и очекувања на достоинствен начин и на највисоко ниво рамо до рамо со нашите сојузници не само дома, туку и со учество во меѓународните мисии со кои се гарантира мирот во светот. Со членството во НАТО не сме повеќе сами. С Македонија никогаш повеќе нема да биде ставена ниту ставена под прашалник ниту изолирана од светот. Како дел од моќното НАТО-семејство, како неизоставен дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот нашата држава стана фактор за стабилност во регионот, извозник на безбедност, рече Заев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.