Во Битола се работи без застој: Коловоз и уредување на тротоарите на улица “АСНОМ”

На улицата „АСНОМ“ во Битола, во тек е реализацијата на проектот со кој се врши изградба на коловоз и уредување на тротоарите, со што оваа улица ќе добие комплетно нова инфраструктура. Вредноста на инвестицијата на Општина Битола, со која улицата за првпат добива асфалт изнесува 2.748.982 денари.

Градоначалникот Тони Коњановски, денес, ги посети работните активности на терен, каде изврши увид на текот на изведбата на градежните работи кои се одвиваат согласно динамичкиот план за работа.

Подобрувањето на патната инфраструктура во Битола, кое оваа година вклучува реализација на проектот за реконструкција, рехабилитација и изградба на 23 улици, планирано е да биде завршено со целосна ангажираност на општината и градежните фирми за време на целата градежна сезона.

Улицата „АСНОМ“ е 13 та улица која е дел од овој проект, а по завршувањето на втората фаза на улицата „Солунска“, во Битола, во моментот се работи на улиците „Вера Циривири – Трена“, „Македонска фаланга“, „Крушевска република“, „Цане Василев“, „Довлеџик“, „Струшка“ „Сутјеска“, „Бранислав Нушиќ“, „Христо Узунов“, а од руралните места се врши реконструкција на патот за село Дихово, како и на коловозот на главниот уличен крак во село Логоварди.

Покрај тоа, тековно на повеќе локации низ Битола, се врши санирање на ударните дупки на улиците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.