Во акциcка контpoла на полициjaта на подрачјето на СВР Битола фатени 46 пиjaни возачи: Меѓу нив и еден со 2,41 пpoмили алкoxoл

Во текот на изминатата вечер (11/12.02.2023), во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата констатирани и законски санкционирани се 46 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 42 останати прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и заеднички да придонесеме кон поголема безбедност во сообраќајот – стои во соопштението од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.