Прилепчани повеќе од 20 денови ја даваат поддршката на граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија”. Протестите секој ден добиваат на масовност, а кон нив се приклучуваат и многу лица од уметноста, спортот, образованието и политиката.
Бројноста на протестите дава јасен одговор и на европските пратеници кои секојдневно ја посетуваат државата и на внатрешните политички фактори: НЕ ЗА ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА.
И вечерва во 18 часот пред споменикот “Прилепски бранители”, со македонски знамиња во рацете и патриотски песни прилепчани гордо ќе застанат на браникот на татковината.