Внуката на Питу Гули, 77 годишната Елена Гули вечерва ќе ги предводи прилепчани во најмасовниот марш за Македонија

image-0-02-05-7e6d12408b63da169e596fc56428167669fff463a6d6aac28ce2ebd37125765f-V

Внуката на Питу Гули, 77 годишната Елена Гули, ќерка на Стерју Гули, вечерва ќе ги предводи прилепчани во најмасовниот граѓански марш “За заедничка Македонија”.

Прилеп е градот каде отпорот кон тиранската платформа е најголем и најмасовен, а граѓанските здруженија кои ги организираат овие протести за вечерва најавуваат најмасовен марш и под Маркови Кули.

Повод за тоа е посетата на Еврокомесарот Јоханес Хан, на кого граѓаните ќе му ја пренесат пораката дека се против формирање на влада која ќе работи на реализирање на туѓа платформа против интересите на државата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.