Внимавајте, ова е најопасното нешто во лето во вашиот двор: Поради невнимание на мајката бебе заврши со изгореници

Иако изгледа сосема безопасно, цревото во двор во врелите денови може да биде навистина опасно и фатално, особено за мали дечиња.

Случајот со малиот Николас од Лас Вегас го потресе светот. Малото бебе од девет месеци завршило целото во страшни изгореници, кога неговата мајка се обидувала да му го наполни детското базенче, за да се разладат.

Водата на високите температури во цревото се загреала на 50 степени, а тоа е опасно за сите. Ако не истече малку туку веднаш ја пуштите како што тоа го направила оваа мајка, може да имате голем проблем.

Детето почнало да вришти и плаче и веднаш било однесено во болница со изгореници.

Мајката апелира да се внимава на ова.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.