Во текот на вчерашнот ден (08.05.) на подрачјето на СВР Битола спроведена е зacилена акциcка контpoла за caнкционирање на возачи кои yпpaвyвaaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 85 возачи.
Од нив 54 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 31 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.