Заедно со развојот на бројните модели на паметни телефони, се развиваат и кинески евтини копии.
Некогаш дури и површните познавачи на паметните телефони веднаш можеа да препознаат копија, но работите со текот на времето се промениле.
Доколку не сте добро запознаени со оригиналните уреди, големи се можностите да наседнете на измама.
Благодарение на квалитетните видео материјали кои можат да се најдат по социјалните мрежи, постојат луѓе кои се спремни да платат лажни паметни телефони само за да ги предупредат останатите на што треба да посветат внимание.