Прес конференција на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески
(Во продолжение интегрален текст и видео од одржана прес конференција)
“Пред 28 години организираната борба за самостојна, суверена и независна држава доби форма на политичка партија. Пред 28 години поради заштита на Македонскиот народ и неговото неприкосновено природно, историско и цивилизациско право на сопствена, слободна, суверена, самостојна и независна држава Македонија беше формирана ВМРО-ДПМНЕ.
Денес почитувајќи ги основните начела на кои се темели организациската поставеност на партијата, ВМРО-ДПМНЕ постои за да опстои Македонија.
Нашиот став по однос на последните случувувања е јасен и недвосмислен. ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот за заштита на идентитетот и постоењето на Република Македонија.
Капитулантскиот договор кој раководството на СДСМ се обидува да го прикаже како победа значи губење на идентитетот, губи делови од атрибутите на она што нас не дефинира како народ и го менува она што нас не дефинира како држава, Уставот на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, и се спротивстивставува со сите демократски и правни средства против овој погубен договор.
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ останува со македонскиот народ, останува со Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на интересите на Македонија.
Ги повикуваме сите кои што имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ, сите оние кои се измамени од лагите на Зоран Заев, сите оние кои се загрижени за иднината на Република Македонија, да ни се придружат на протесниот марш во недела во Битола со почеток во 13 часот од пред спортската сала.
На денот кога е основана ВМРО-ДПМНЕ да покажеме зошто постоиме.
Македонија пред се!
Бидејќи друга Татковина немаме!”